Фото: EPA/Alex Cruz

Роналдињо има свој фаворит во финалето на Лигата на шампионите

Легендарниот поранешен бразилски фудбалски репрезентативец Роналдињо ја покажа својата целосна поддршка за Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал што ќе се игра денеска од 18.00 часот во Будимпешта.

Роналдињо се огласи на социјалните мрежи за да покаже дека неговото срце останува поврзано со француските гиганти, каде што започна неговото големо патување во европскиот фудбал.

– Напред, Париз – напиша Роналдињо на својот X профил, придружувајќи ја пораката со фотографија од себе од периодот кога го носеше дресот на парискиот тим.

Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред играше за ПСЖ помеѓу 2001 и 2003 година, оставајќи траен впечаток на Паркот на принцовите, имајќи 77 настапи во сите натпреварувања, запишувајќи 25 гола и 19 асистенции.

Има и уште еден интересен податок, за време на неговиот престој во француската престолнина, Роналдињо ја делеше соблекувалната со сегашниот тренерот на Арсенал, Микел Артета, против чиј тим Парижаните сега ќе стискаат палци за победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот