Билјана Дебарлиева / Фото: Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Романтично во Италија – Билјана Дебарлиева и Јован како на втор меден месец

Водителката Билјана Дебарлиева празничниот велигденски викенд го помина во сончеви прошетки во Милано, каде деновиве ужива заедно со сопругот Јован и блиски пријатели.

На една од фотографиите што ги сподели, Дебарлиева е во опуштен момент на градски плоштад, опкружена со гулаби, додека со насмевка и нежност ги храни птиците.

Облечена во елегантен светол костим и со внимателно стилизирана фризура, таа зрачи со софистицираност и е совршено вклопена во италијанскиот амбиент.

Празничните денови, наместо во традиционален домашен амбиент, таа ги поминува во истражување на знаменитостите, уживање во локалната култура и создавање нови спомени со најблиските. Атмосферата, според објавите, е исполнета со смеа, дружење и моменти кои долго ќе се паметат.

Дебарлиева неодамна сподели убави вести поврзани со нејзиното семејство, а на објава на Фејсбук го означи својот сопруг, Јован Дебарлиев.

При крајот на ноември минатата година се омажи нејзината постара ќерка Ана.

„Си добив уште еден син“, напиша тогаш Јован Дебарлиев, нејзиниот сопруг, по венчавката на нивната ќерка.

Ана се омажи за Стефан Бошковски, а од фотографиите може да се забележи дека младите имале убава забава со најблиските и дека очекуваат принова.

Шармантната телевизиска водителка и новинарка, која со години е една од најомилените кај гледачите, на празникот Свети Трифун напиша: „Во секоја капка вино има сонце, земја и раце што со љубов ја одгледале лозата. Во оваа чаша има повеќе од вино – има труд, љубов и семејна традиција! За бериќетна година и убави моменти! Среќен Св. Трифун, денот на виното и лозарите!“

Билјана, всушност, сподели фотографии од нивното вино, од семејната винарија „Дебарлиеви“, и покажа шише црвено вино од сортата вранец. За овој семеен бизнис досега таа не зборувала во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот