Фото: Скриншот / Јутјуб / Никушор Дан

Романија размислува да го протера рускиот амбасадор по нападот со беспилотно летало

Романскиот претседател Никошур Дан изјави дека Романија размислува да го протера рускиот амбасадор во Букурешт доколку продолжат инцидентите како оној со рускиот дрон што се урна во станбена зграда во Галац. Тој во интервју за Би-би-си, рече дека ова е најдрастичната мерка што Романија имала намера да ја преземе.

„Досега, да. Во последните години имаше помеѓу 20 и 30 дронови што не носеа експлозивно полнење. Минатиот месец имавме уште едно беспилотно летало со експлозивно полнење, кое за среќа не експлодираше. Ова веќе стана опасност за романските граѓани“, рече Дан.

Русија психолошки ги тероризира балтичките држави

Тој нагласи дека кога руските сили напаѓаат градови на украинската страна од Дунав, тие мора да се осигурат дека нема да ги загрозат романските граѓани.

„Ова е предупредување до руската страна и се надевам дека ваквите инциденти ќе престанат. Ако тоа не се случи, имаме други мерки што можеме да ги преземеме против нив“, додаде Дан.

На прашањето какви ќе бидат тие мерки, претседателот одговори: „На пример, протерување на амбасадорот. Постои дипломатска хиерархија на дејствија.“

Дронот изгледа бил погоден во Украина, ја сменил насоката, па се урнал во Романија, вели претседателот Дан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот