„Rolling stones“ првиот албум го снимија во соба од картони за јајца и тоа за четири дена: Останатото е историја! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Сега веќе легендарната група „Rolling stones“ својот прв албум го објавија на денешен ден, 16 април, 1964 година во Велика Британија.

Иако стануваше збор за дебитантско дело, сепак не помина многу време за да се сфати каква историја се пишува под грамафонските игли.

По само две недели албумот беше прв на листата од најслушани на Островот, додека на топ листите остана полни 40 недели. Мик Џегер подоцна рече дека тоа е еден од неговите омилени албуми.

– Многу го сакам нашиот прв албум, бидејќи на него се наоѓаат сите работи кои ги свиревме на сцената – рече тој во 1968 година.

И навистина, албумот е снимен за само четири дена (два во јануари и два во февруари), бидејќи популарните Стонси сето тоа време, па дури и во деновите поминати во студио, имаа свои настапи.

Првиот албум содржи само една оригинална песна која ја потпишуваат Џегер и Кит Ричардс, како и две групни композиции.

Останатите девет нумери од изданието се обработки од туѓи песни снимени во студиото „Регент“ – едно од најзастарените, но и најефтините во Лондон.

Музиката на тој албум е многу слична со онаа која тогаш ја свиреа во живо, а во деби изданието гостуваа и неколку веќе славни музичари како Џин Питни и Ијан Стјуарт, кој работеше на пет песни.

Песните се снимени во соба која изолирана со картони за јајца. Тие немале пари да снимаат одново и одново, туку еднаш било се она на што можеле Стонси да сметаат, но резултатот сепак беше импресивен.

– Во тие примитивни услови беше многу лесно да се направи звукот кој го имавме на својот прв албум и раните синглови. Сепак, беше невозможно да се направи нешто подобро“, изјави Џегер своевремено.

Стонси со текот на времето изградија светска кариера и важат за еден од најдобрите бендови на сите времиња во рок музиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот