„Ролан Гарос“: Ѓоковиќ во три сета го надигра Фучович, следен ривал му е Давидович Фокина

фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Првиот сет беше мачење, вториот брилијантен, а третиот рутина за Новак Ѓоковиќ кој го совлада Мартон Фучович со 3:0 (7:6, 6:0, 6:3) и се пласираше во третото коло на „Ролан Гарос“.

Српскиот тенисер не брилјираше на стартот од мечот, иако направи „брејк“ и поведе со 3:0. Фучович се закани, пропушти можност да му го одземе сервисот на ривалот и на крајот во деветтиот гем ја реализира деветтата „брејк“ топка, намали на 5:4, а потоа израмни (5:5).

Потоа првиот сет отиде во тај-брејк во кој Ѓоковиќ беше посигурен, па по 87 минути поведе – 1:0. Во вториот сет Фучович како „исчезна“ од теренот. Ѓоковиќ доминираше, победи со 6:0 и ја удвои предноста во сетови.

Српскиот тенисер продолжи со добра игра и во третиот сет, правејќи „брејк“ и поведе од 1:0. Сепак, веќе во следниот одговори Унгарецот, израмни (1:1), а потоа и поведе (2:1).

Ѓоковиќ врза четири гема, поведе со 5:2, Фучович успеа да направи нов „брејк“, ја намали негативата (5:3), но не можеше повеќе од тоа.

Третиот светски рекет за пласман во осминафиналето на грен слем турнирот во Париз ќе игра против Алехандро Давидович-Фокина од Шпанија кој беше подобар од Французинот Лука Ван Аш со 6:4, 6:3 и 7:6 (6).

ВИДЕО: Елиминиран Вавринка, Алкараз во третото коло на „Ролан Гарос“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот