Рокот на вакцините на „Фајзер“ е продолжен од шест на девет месеци, вели МАЛМЕД

Фајзер вакцина
Фајзер / Бионтек вакцина против коронавирус / Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE

Европската Агенција за лекови (EMA) го продолжи рокот на употреба на вакцината Comirnaty на производителите Фајзер и Бионтек од шест на девет месеци, соопшти МАЛМЕД.

-Согласно извршената промена, носителот на одобрение Pfizer SRB d.o.o поднесе документација за одобрување на варијацијата и во Република Македонија и истата е одобрена на 20.10.2021 година од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства. На 29.11.2021 година, Комисијата за безбедност и огласување при МАЛМЕД, на седница го одобри Писмото за здравствени работници за продолжување на рокот на употреба на вакцината Comirnaty. Истото е дистрибуирано до здравствените работници на вакциналинте тимови, информираа денеска од МАЛМЕД.

Оттаму додаваат дека збирниот извештај за особините на лекот и Упатството за употреба следствено се ажурирани и во нив е наведен новиот рок на употреба на замрзнатите вијали, кој е продолжен од шест на девет месеци. Условите за чување остануваат непроменети, на температура од -90 °C до -60 °C. Во рамки на рокот на употреба од девет месеци неотворените вијали може да се чуваат и транспортираат на температура од -25 °C до -15 °C еднократен период од најмногу две недели и може да се вратат на температура од -90 °C до -60 °C .

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) оваа одлука ја има објавено јавно на својата веб страница во ноември 2021 година и за истата ги има информирано здравствените работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот