Рок-бендот „Тотално опуштање“ концертно ќе го промовира албумот „Летечки булдожер“

Музичката група „Тотално опуштање“ на 28 јануари во бифето на киното „Фросина“ во МКЦ концертно ќе го промовира албумот „Летечки булдожер“. Албумот е објавен на 2 декември 2022 година.

Албумот е снимен во „Студио кај Трајче“ со аранжмани на „Тотално опуштање“, а по текст и музика на Марјан Китановски, освен за нумерата „Процес без дијагноза“, каде текстот е на поетесата Снежана Стојчевска.

Во „Тотално опуштање“ свират и пеат Марјан Китановски Мац – гитара и вокал, Ристо Јанковски Љак – тапани, Владимир Стојчевски – бас, Златко Андоновски Голди – гитара и Дарко Поповски Блуз – клавијатури на „Процес без дијагноза“. Специјални гости на концертот се „Голем одмор“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 164, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 28-29 јануари 2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот