Рохдe: Крајот на дијалогот Косово-Србија треба да доведе до заемно признавање

Германскиот амбасадор на Косово, Jоерн Рохде, вели дека дијалогот меѓу Косово и Србија треба да доведе до заемно признавање. Како што пренесуваат приштинските медиуми тој има надежи дека дијалогот ќе донесе конкретен напредок за луѓето. Исто така се дадева и дека Косово наскоро ќе добие визна либерализација.  
За амбасадорот периодот во кој се наоѓа Косово е предизвикувачки во однос на внатрешната и надворешната политика.
„Од политичка гледна точка, Косово е во предизвикувачки период, како во внатрешната, така и во надворешната политика. Се надевам дека на пример дијалогот меѓу Косово и Србија ќе донесе конкретен напредок на луѓето; истото важи и за визната либерализација. За сето ова е важно Косово да има стабилна влада, така што ќе може да се фокусира на големите предизвици во овој период на пандемија, како што е борбата против пандемијата, помагањето на граѓаните, имајќи ги предвид економските последици од пандемијата и исто така „исто така договор со соседот, Србија“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот