Родриго верен на „кралевите“ до јуни 2028 година

Родриго/фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Нов договор е потпишан на „Сантјаго Бернабеу“, Родриго официјално ја продолжи соработката со Реал Мадрид која ќе трае до јуни 2028 година.

После Бразилецот Винисиус Жуниор, и неговиот сонародник останува верен на „кралевите“, неговиот претходен договор важеше до 2025 година.

Родриго е член на Реал од 2019 година, а оттогаш има вкупно 179 настапи со 39 голови и осум трофеи, по два во „Ла Лига“ и шпанскиот Суперкуп, и по еден во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, УЕФА Суперкупот и Кралскиот куп.

Сезонава постигна еден гол против Брага во ЛШ, составот на Карло Анчелоти моментно во првенството е првопласиран со 28 бодови, колку што има и Жирона, следуваат Атлетико Мадрид (25) и Барселона (24).

Пред да се пресели во Шпанија Родриго ги бранеше боите на Сантош (2017-2019).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот