Родителите ја бојкотираат наставата на децата поради загадувањето, средношколците најавуваат бојкот в петок
Родители на деца во основните училишта, и градинките, па дури и на студенти, формираат групи за бојкот на наставата, поради опасноста од загрозување на здравјето, како последица од загадениот воздух.
Препорачано
„Родители на ученици, студенти и малите во групава, да се преброиме кој е за бојкот. Не има близу 50 илјади“, се вели во објавата.
Од објавите на социјалните мрежи може да се забележи дека одредени родители, веќе започнаа да не ги пуштаат децата на настава.


Од друга страна, средношколци од Скопје и од други градови во земјава сами се мобилизираат за бојкот на наставата за во петок, во знак на протест поради загадувањето на воздухот. Тие се организираат преку социјалните мрежи и најавуваат приклучување кон протестот против аерозагадувањето наречен „Зелена револуција’, што ќе се одржи и овој петок, во организација на повеќе НВО.
„Средношколци, родители, професори, секоја наредна година, секој нареден ден, станува се полошо. Ние, средношколците, сме крајно изреволтирани од непреземањето ништо, лежерноста на власта и немањето идеја како да се реши овој најголем проблем. Затоа, во петок, на 20.12.2019. ние, средношколците, нема да присуствуваме на настава во сите средни училишта. Целта на ова е власта и сите општествен фактор да се фокусираат на овој проблем, а по бојкотот ќе се приклучиме на Зелениот фронт и нивните барања, кои се единствено решение за оваа неподнослива ситуација. За нашите животи се работи“, се наведува во најавата за бојкотот на наставата на организацијата „Средношколски глас“.


