Родени на ист ден: Овој актер веројатно ќе му биде кум на малиот принц (ФОТО)

Шпекулациите веќе почнаа… кој ќе му биде кум на малиот принц?

Само што британскиот принц Хари и Меган Маркл го добија првото дете, британските медиуми започнаа да шпекулираат кој би можел да биде неговиот кум!

На прво место, судејќи според пишувањето на таблоидите, се наоѓа актерот Џорџ Клуни кој е роден на истиот ден кога и малиот принц.

Амал и Џорџ Клуни се блиски пријатели со Хари и Меган и уште од претходно се говореше дека токму тој би можел да го крсти новото кралско бебе.

Меѓу потенцијалните кумови е и Џесика Малруни, најдобрата пријателка на Меган чии ќерки беа деверуши на венчавката на Меган и Хари.

Се споменува и Линдзи Рот, другарка на Меган од студенстските денови, но и тенисерката Серена Вилијамс, додека од страната на Хари се зборува за неколку негови роднини како можни кумови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот