Роби Вилијамс откри сериозни несакани ефекти од лековите за слабеење: „Видот ми се влошува секој ден“
Пејачот Роби Вилијамс откри дека чувствува страв од инјекциите за слабеење што ги користи, бидејќи, како што тврди, значително му влијаат на видот. Вели дека видот му се заматил и дека состојбата постојано се влошува.
Препорачано
Според 51-годишниот музичар, причината не е возраста, туку лекот што го прима – инјекциите „Мунџаро“, слични на популарниот „Оземпик“.
„Многу брзо се навикнав на инјекциите, но она што го забележувам е дека видот ми е лош. Веќе некое време ми е заматен и само се влошува. Не мислам дека се години, мислам дека се инјекциите“, изјавил тој.
За „Сан“ раскажал дека на еден натпревар во американски фудбал играчите му изгледале како нејасни силуети на тревникот, бидејќи не можел добро да ги види.
Вилијамс, кој во минатото се бореше со телесна дисморфија и депресија, го забележал проблемот и на турнеја. Тој има навика да ја пее „She’s The One“ на одредена девојка во публиката, но признава дека тешко може да види кому пее.
„Гледав кон тие жени што ме гледаа и го имаа тоа неверојатно искуство, а тие не знаат дека јас не ги гледам“, рекол.
Веќе бил кај оптичар, ја сменил диоптријата и купил нови очила. Тврди дека и други корисници на овие инјекции се жалат на заматен вид.
И покрај загриженоста, пејачот не планира да престане да го зема лекот, бидејќи чувствува дека му помага, особено психички. Опишува дека од почетокот на терапијата почувствувал ослободување од „менталната болка“ и дека последната деценија подобро се справува со себе. Покрај лекот, има и строго дисциплинирана рутина – секојдневно прави склекови, вежби за јадро и влечења на вратило.
Од друга страна, стручњаците нагласуваат дека поврзаноста меѓу лекот и губењето на видот не е потврдена. Производителот на „Мунџаро“, компанијата „Ели Лили“, соопштува дека безбедноста на пациентите им е приоритет и дека активно ги истражуваат пријавите за можни проблеми со очите.
ВИДЕО | Роби Вилијамс се обиде јавно да ја понижи Џулија Робертс: „Имај малку почит“


