Роберто Карлос можеше да игра и во Премиер лигата

Една од бразилските фудбалски легенди беше многу блиску да потпише договор со екипата на Челси..

Роберто Карлос во својата професионална кариера настапуваше за екипи како Интер, Реал Мадрид, Фенербахче, Коринтијанс, Палмеираш, Анжи, но никогаш во англиската Премиерлига.

Најголемите успеси ги имаше со „кралскиот“ клуб, трипати освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите.

Со најдобрата бразилска репрезентација се закити со трофејот на Светското првенство во 2002 година во Јужна Кореја и Јапонија.

Еден од легендарните леви бекови за „Goal.com“, потврди дека веќе имал разговори со газдата на Челси, Роман Абрамович и беше многу блиску до трансфер на „Стемфорд Бриџ“ во 2007 година како слободен агент, но во последен момент не дојде до реализација.

Имав две понуди, од Фенербахче и Челси. Не успеавме да постигнеме договор со премиерлигашкиот клуб, по што одлучив да го облечам дресот на Фенербахче. Со Челси остануваше само да одам таму и го потпишам договорот – рече Роберто Карлос.

На само една недела пред да потпише за Фенербахче, беше во Париз за да се сретне со Абрамович и (поранешниот главен извршен директор), Питер Кенјон.

За жал, во последните моменти нешто не успеа пред да се финализира трансферот, што вообичаено се случува често во фудбалот. Имаше проблем со адвокатот. Сè беше договорено, 100% сум сигурен дека многу добро ќе поминев во Премиер лигата и тоа ќе одговараше на моите карактеристики – додаде Роберто Карлос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот