РК Тинекс Пролет со Темелковски се врати на победничките патеки
Тинекс Пролет успешно се врати на победнички патеки под водство на Илија Темелковски, славејќи на важното гостување против Прилеп со 19:22 во македонската ракометна Суперлига.
Препорачано
РК Тинекс Пролет одигра одлична одбрана, покривајќи ги со тоа слабите периоди во нападот, го контролираше резултатот во голем дел од мечот и заслужено стигна до бодовите.
Искусните Пецаковски и Андоновски беа главни играчи во нападот, преземајќи ја одговорноста во овој исклучително важен дуел, на кој со победата беше направен уште еден важен чекор кон плејофот.
Во победничките редови Пецаковски постигна седум голови, пет гола реализираше капитенот Андоновски. На спротивната страна Кастратовиќ седумпати се запиша во листата на стрелците.
Во групата „Б“ Тинекс Пролет по трите порази во низа е на четвртото место со 15 бодови, додека Пролеп е шестопласиран со седум бодови.
Во групата „А“ Тиквеш со 43:31 славеше против РК Аеродром. Тиквеш се израмни на врвот со Алкалоид со по 24 бодови, со напомена дека играчите на Кирил Лазаров имаат еден меч помалку, додека Аеродром е петтопласиран со 12 бодови.


