РК Бутел Скопје урна екс европски шампион на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“

фото: RK Butel Skopje

Тимот на Бутел Скопје славеше огромна победа над некогашниот европски првак Металопластика Шабац од Србија со 28:27 во второто коло од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.

Најдобар стрелец во редовите на РК Бутел Скопје беше десното крило Бојан Спасовски.

Спасовски успеа да постигне осум погодоци и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на мечот.

Во последниот натпревар од групата, РК Бутел Скопје ќе игра со Татран Прешов од Словачка во текот на утрешниот ден.

Потсетување дека во својот прв меч на турнирот ракометарите на Бутел Скопје беа поразени од актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер со 21:32.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот