РК Алкалоид имаше моќно второ полувреме против Струга

фото: РК Алкалоид

Петта победа по ред оствари Алкалоид во македонската ракометна Суперлига, откако тимот предводен од Кирил Лазаров триумфираше над Струга со 38:18.

Интересно, по првото полувреме на семафорот стоеше нерешени 13:13, но во вториот дел Алкалоид покажа високи перформанси.

Играчите на Лазаров во вторите 30 минути постигнаа 25 голови, а Струга само пет.

Најдобар стрелец за Алкалоид беше Александар Петковски со седум гола, пред Иван Џонов со пет гола, исто колку што постигна и Дарио Кофиловски.

На спротивната страна по пет погодоци запишаа Мерис Бошњак и Александар Тренчевски.

Во групата „А“ РК Алкалоид е на првото место со 15 бодови, додека Струга после третиот пораз сезонава е на петтото место со шест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот