РК Алкалоид е вториот финалист на турнирот „Струга 2023“

фото: RK Alkaloid

Ракометниот клуб Алкалоид вечерва обезбеди пласман во финалето на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2023“.

Македонскиот вицешампион успеа да го совлада првакот на Грција, АЕК Атина со конечен резултат 26:23.

В сабота од 20.30 часот играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров ќе играат за победничкиот пехар на турнирот против РК Вардар 1961.

Мартин Серафимов со пет гола и Арно Бинго и Марко Митев со по четири гола беа најефикасни во триумфот на Алкалоид, а значајна улога во клучните моменти одигра и голманот Алехандро Ромеро.

Претходно Вардар обезбеди финале откако славеше против шведскиот составот на Гуиф Ескилстуна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот