Ристовски: Сакаме противниците да не потценат бидејќи тогаш сме најсилни

фото: Ффм

Фудбалската репрезентација на Македонија веќе трет ден во Букурешт за подготвува за дебитантскиот настап на Европското првенство, на 13 јуни против Австрија.

Стандардниот дефанзивец вели дека на фудбалерите им одговара тоа што сите ја гледаат Македонија како аутсајдер во групата Ц каде се уште Холандија, Австрија и Украина.
– Ние и сакаме да не потценат, затоа што тогаш сме најсилни. И досега бевме скромни пред секој натпревар, но ги знаеме сопствените квалитет и со што располагаме. Но, ќе има изненадувања, верувајте ми. Фаворит во нашата група е Холандија, а се останато ќе видиме како ќе биде – изјави Ристовски за српски „Телеграф“.

Фудбалерот на Динамо Загреб, опишува како изгледа престојот во Букурешт пред стартот на Евро 2020 поради пандемијата на коронавирусот.
– Се обидуваме да ја зачуваме атмосферата на највисоко ниво, тоа е и она што не донесе до ЕП. Сепак, не е лесно затоа што 24 часа сме затворени по хотелите. Во Букурешт смееме да го напуштиме хотелското сместување единствено кога одиме на тренинг – вели Ристовски.

Евро 2020 | Група Ц: Холандија е фаворит, македонските фудбалери предвреме „отпишани“!

ЕП: Македонските фудбалери без поддршка од навивачите на дуелот со Холандија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот