ЕП: Македонските фудбалери без поддршка од навивачите на дуелот со Холандија!

epa04584026 Macedonian fans cheer for their team during the Qatar 2015 men's Handball World Championship 2015 Round of 16 match between Slovenia and Macedonia at the Ali Bin Hamad Al-Attiya Arena at Al-Saad Club in Doha, Qatar on 25 January 2015. Qatar 2015 via epa/Ali Haider Editorial Use Only/No Commercial Sales

И додека во Букурешт (Романија) скоро секојдневно има најави за зголемување на бројот на навивачите за натпреварите од групата „Ц“ на Европското првенство, тоа не е случај и со Амстердам (Холандија).

Најдобрата македонска репрезентација која е веќе во Букурешт, и се подготвува за дуелите со Австрија (13 јуни) и Украина (17 јуни), треба да ги одмери и силите со фаворитот во групата, Холандија.

Како што информираат од Холандската амбасада во Македонија, во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила.

Од амбасадата воедно известуваат дека може да се патува во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување. Повеќе ТУКА

Дуелот од третото коло помеѓу Македонија и Холандија ќе се одигра во Амстердам на 21 јуни.

Водич за навивачите за натпреварот Австрија – Македонија: Без нараквица нема влез на стадион

Видео на денот