Ристовски: Ова е малцинска влада и проценките се дека нема да трае, Јакимовски: Зад кулисите има и други договори

Дали Заев ги жртвува клучните ресори во замена за барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч? Постигнат е договор за коалиција меѓу двете партии, а новитет е укинувањето на техничка влада и избор на ДУИ за премиер во последните 100 дена пред избори. Староновата коалиција продолжува со плус пратеник од ДПА.

-Ова е малцинска влада и проценки се дека нема долго да трае. Очекувам да се рони политичкиот поредок и националното ткиво од внатре. Кој знае што имаат СДСМ ветено на ДУИ. Ќе излезат со многу радикални елементи, разочараноста кај Македонците ќе бидат големи. Од септември ќе имаме економско назадување, тоа значи дека не ни е розова иднината. Не ќе може да се спасат со кредити и грантови. ДУИ од 2001 до денес не покажа ништо, СДСМ никогаш ништо не покажа освен 94 и 95 година со криминална приватизација. Не можам да го обвинам народот. Јас се лутам и на Македонците кои гласаа и за ДПМНЕ. Со ВМРО И СДСМ, Македонија е на дното и пак да се гласа за нив е вон памет. Но, поголем проблем е што голем дел го преспаа денот за гласање. Како да ја покренеме нацијата да излезе, а се против двете партии? Требаат коренити промени. Нема медиумски слободи, тие треба да се независен столб, рече Љупчо Ристовски од Интегра во гостувањето на „Само вистина“.

Јакимовски делумно се сложи со Ристовски.

-Можеби треба и ние да се преиспитаме тоа што го презентираме, како го презентираме. Тој што е на власт има поголема можност за медиумска застапеност. Се ќе прифатам само да ни го направи владата животот подобар. За да кампања водите со премиер Албанец, сега се откажувате, мора да сте дебело уценет или некој од надвор да ја составува Владата. И второ јас се плашам дека ние Македонците имаме уште за давање и затоа е направена оваа Влада од Заев. Ова покажува дека ние уште ќе даваме, немаме за земање. Од историјата, внатрешно преуредување. Денес беа кажани малку работи, зад кулисите има и други договори. Не очекувам некое изненадување, но со среќа нека им е, рече Стевчо Јакимовски од „Гром“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот