Ристевски стрелаше во 94 минута за победа во Унгарија (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките 32 коло во најсилното унгарско првенство екипата на Ујпешт освои три важни бодови на домашен терен против Залаегерсег (2:1).

Симон во 37 минута погоди за водство на домаќините, а израмнија гостите преку МекВудс во 83 минута.

Конечниот епилог го постави македонскиот репрезентативец Кире Ристевски (кој го одигра целиот меч) во 94 минута за голем триумф на неговиот клуб.

Тоа беше негов втор погодок сезонава за Ујпешт во првенството, првиот го имаше пред две недели против Дебрецен.

Ујпешт е на осмото место со 40 бодови и на едно коло до крајот на сезоната го обезбедува опстанокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот