Ристевски со убав волеј го најави триумфот на Ујпешт! (ВИДЕО)

фото: твитер

Нашиот интернационалец го одигра целиот меч, ова за него беше прв погодок сезонава во унгарскиот шампионат.

Денеска во рамките од 28 коло во најсилното унгарско првенство екипата на Ујпешт на домашен терен со 3:1 го совлада Дебрецен.

Три важни бода за Ујпешт во трката за обезбедување опстанок, моментно е на засега сигурното осмо место со 35 бода.

Победата ја најава македонскиот одбранбен репрезентативец Кире Ристевски кој после изведениот корнер во деветтата минута со убав волеј ја затресе противничката мрежа.

Нашиот интернационалец го одигра целиот меч, ова за него беше прв погодок сезонава во унгарскиот шампионат.

Другите два голови беа дело на Симон, а единствениот погодок на гостите го имаа благодарение на автоголот на Херис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот