Рики Мартин го возвраќа ударот: Го тужи внукот кој го обвини за инцест, за 20 милиони долари

Фото: Инстаграм

Адвокатите на пејачот Рики Мартин го тужат внукот на пејачот, Денис Санчез Мартин, тврдејќи дека тој се обидел да изнуди пари и да ја уништи неговата репутација со лажни тврдења за сексуално насилство.

Педесет годишниот пејач бара од својот внук отштета од 20 милиони долари и го обвинува за изнуда, пишува магазинот „Пипл“.

Рики Мартин се одлучил за овој потег една недела откако неговиот братучед се откажа од тужбата за сексуален напад што ја поднесе во јули.

Судот ја отфрли и мерката за привремена забрана за приоѓање што му беше изречена на пејачот.

Како што се наведува во противтужбата, Санчез, синот на тетката на пејачот, првично го демнел на социјалните мрежи, а подоцна и јавно го објавил неговиот телефонски број, поради што бил принуден го да го смени.

Месеци подоцна, Санчез поднесе тужба за сексуално злоставување против Рики Мартин и побара мерка за забрана за приближување.

Во обвинението тој навел дека тој и пејачот биле во романтична врска седум месеци и дека Рики Мартин не го прифатил раскинувањето на врската, во која психички и физички го малтретирал.

Внукот на Рики Мартин ги отфрли обвиненијата за инцест: Судијата ја укина забраната за приоѓање

„Морам да најавам дека сме бремени“: Рики Мартин и сопругот го очекуваат четвртото дете

„Морам да најавам дека сме бремени“: Рики Мартин и сопругот го очекуваат четвртото дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот