„Морам да најавам дека сме бремени“: Рики Мартин и сопругот го очекуваат четвртото дете

Profimedia

Латино заводникот ја примил наградата за застапување на ЛГБТ правта, а кога по тој повод ѝ се обратил на публиката, поделил среќна вест. По близнаците и ќерката Лусиа, Рики со сопругот ќе се радуваат на уште едно дете.

„Ве сакам со целото свое срце, ме инспирирате секој ден, вие сте мојата сила. Ме мотивирате да продолжам со ова. Прекрасни сте“, им ги упатил овие зборови на својот сопруг и на близнаците Матеа и Валентина (11). Потоа ја поздравил осуммесечната ќерка Лусиа, која не била со нив, нарекувајќи ја светло на неговиот живот.

„Морам да најавам и дека сме бремени. Чекаме бебе. Обожавам големи семејства“, додал пејачот.

Рики со сопругот се во брак од минатата година, а пред 11 години преку сурогат мајка добиле близнаци.

Valentino Martin, Ricky Martin, Matteo Martin, Jwan Yosef 12/10/2016 The World Premiere of
Profimedia

View this post on Instagram

La luz de mis ojos #Lucia

A post shared by Ricky (@ricky_martin) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот