Риболовот со магнет на татко и син заврши со откривање на минофрлачка граната од Втората светска војна
Татко и неговиот син наишле на минофрлачка граната од Втората светска војна додека ловеле риба со магнет во реката Стоур, во близина на Канфорд Магне во округот Дорсет, југозападна Англија.
Препорачано
Ричард Свефилд (49), сопственик на недвижен имот, го започнал ова хоби само неколку дена претходно, откако добил магнет за риболов од својата девојка како подарок за роденден, објавува „ГБ њуз“.
Патувањето со неговиот 15-годишен син Алфи било само вторпат кога решил да ја користи оваа опрема.
Половина час по пристигнувањето на брегот на реката во близина на Вимборн, Дорсет, таткото и синот извлекле разни предмети, вклучувајќи клуч и разно ѓубре, пред да открие нешто сосема неочекувано.
Ричард веднаш го препознал предметот како минофрлачка граната, која била испукана од мал топ, а која почнала да се користи уште во Првата светска војна.
Откако ја извадил гранатата од водата, внимателно ја оддалечил од брегот и ја поставил на дрвен праг, предупредувајќи ги минувачите да држат безбедно растојание.
За време на војната, овие ракети биле испукувани од преносни цевки кон непријателски цели на далечина, а веројатно бомбата била користена за обука.
Полицијата пристигнала и поставила кордон од 200 метри, додека чекале да пристигнат експерти за деминирање.
Експертите извршиле контролирана експлозија на гранатата, која оставила голем кратер во земјата.
Ова не е прво необично откритие на реката Стоур, во 2022 година 15-годишно момче наишло на човечки остатоци во реката, вклучувајќи и човечки череп стар 1.400 години.


