РФМ парично ги награди кадетите за одличното деветто место на Светското првенство

фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација се пласираше на историското деветто место на Светското првенство кое летово се одржа во Хрватска.

По повод тој голем успех Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи парично да ги награди кадетите предводени од селекторот Раде Стојановиќ.

Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1 милион денари за машката кадетска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади).

На кадетскиот Мундијал нашите ракометни надежи остварија учинок од пет победи над Црна Гора, Грузија, Австрија, Унгарија и Чешка, и два порази од Норвешка и Данска.

– Без вашата желба немаше да верувате во победа. Без добар тренинг немаше да покажете борбеност. Без сонување за чекор плус немаше да има остварување – беше објавата на Стојановиќ на социјалните мрежи по одличното претставување на Македонија на СП.

Почит, но и внимание за македонските ракометни кадети

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот