Пјерлуиџи Колина сака да ја поправи ситуацијата во фудбалот/Фото: EPA/MAURIZIO DEGL' INNOCENTI

Револуција во фудбалот – Колина предлага укинување на голови по одбиен пенал

Фудбалот е пред нова можност за голема промена. Еден од најпознатите судии на сите времиња, Пјерлуиџи Колина, кој денес е претседател на судиската комисија на УЕФА, предложи револуционерна измена во правилото за изведување пенали.

Според неговиот предлог, повеќе нема да биде дозволено играч да постигне гол по одбиена топка од голманот. Тоа значи дека ниту изведувачот, ниту неговите соиграчи нема да можат да реагираат по првата одбрана — пеналот ќе има само еден обид, како во пенал-сериите по продолженијата.

„Веќе го спомнав ова во разговорите со ИФАБ (Меѓународниот одбор за фудбалски правила). Идејата е едноставна – еден удар, една шанса. Или гол, или гол-аут. Така ќе се намали хаосот со играчите што влетуваат предвреме и ќе се зголеми фер-плејот“, изјави Колина.

Овој предлог, кој веќе е доставен до ИФАБ, може да го промени начинот на кој ќе се изведуваат пеналите во иднина. Со оглед на угледот и влијанието на Колина, шансите за усвојување на ова правило се сосема реални.

Колина ја заврши својата блескава судиска кариера во 2005 година, судејќи финалиња на Лигата на шампионите, Светското и Европското првенство, а шест пати беше прогласен за најдобар судија во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот