Фото: Инстаграм/Решона Лендфер/EPA

Решона Лендфер за злоупотребата од Р. Кели: „Имав само 13 години, морав повторно да се изградам себеси“

Решона Лендфер, една од клучните сведоци во процесите против Р. Кели, во својата мемоарска книга „Кој ја гледаше Шорти: повторно си го враќам животот од срамот на злоупотребата од Р. Кели“ изнесува лични сведоштва за злоупотребата што, според неа, започнала кога имала 13 години.

Лендфер тврди дека со години живеела во страв и изолација, убедена дека мора да го штити односот што ѝ бил претставен како „љубов“.

„Бев преплашена и засрамена. Не знаев што да очекувам. Сакав да исчезнам“, вели таа, осврнувајќи се на периодот кога видеоснимката со експлицитна содржина, за која обвинителството тврдеше дека е направена додека била малолетна, станала јавна.

Во книгата таа опишува и чувство на одвратност и збунетост.

„Колку и да беше одвратна таа снимка, тоа не беше најодвратното нешто што ми го направи или ме натера да го снимам“, пишува Лендфер.

По емитувањето на документарната серија „Преживувајќи го Р. Кели“ (Surviving R. Kelly) во 2019 година, одлучила да соработува со обвинителството.

„Тоа беше пресвртница за мене. Мислев дека такви работи ми се случиле само мене. Кога видов колку луѓе биле повредени, почувствував одговорност“, изјавила таа.

Во 2022 година сведочеше под псевдонимот „Џејн Доу“ во судот во Чикаго.

„Тоа беше еден од најстрашните моменти во мојот живот. Првпат се соочив со својот насилник без да биде тој во контрола“, рекла Лендфер.

Таа додава дека по заминувањето од неговото опкружување морала да почне од почеток: „Бев како риба на суво. Морав повторно да се изградам себеси – од 13 години па натаму“.

Денес, како што вели, нејзината цел е јасна: „Сакам да создадам свесност и да им дадам глас на луѓето кои минуваат низ слични искуства“.

„Проговорете. Имате глас. Никогаш не е доцна да го смените правецот на својот живот“, порачува Лендфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот