Репрезентативки на САД ја тужат сопствената Федерација

EPA/Federico Gambarini

Женската фудбалска репрезентација на САД поднесе тужба против сопствената Федерација поради дискриминација и голема разлика во примањата во однос на мажите. Адвокатот Џефри Кеслер кој ги застапува сите 28 репрезентативки, е песимист дека ќе се постигне договор со фудбалска федерација на САД.

– За мене ова е случај кој сакам да го добијам на суд бидејќи ќе има ефект и на другите, не само на моите клиенти. Токму тоа е причината која овие девојки влегоа во оваа борба. Борбата против сопствената Федерација е и поради идните генерации, бидејќи многу од овие девојки ќе бидат во пензија кога ќе биде затворен случајот – изјави Кеслер.

Освен репрезентативките на САД, која е најуспешна женска репрезентација на светските првенства, помеѓу клиентите на Кеслер се наоѓаат и други познати спортисти, како Том Брејди (американски фудбал), Кастер Семења (атлетика) како и Оскар Писториус (атлетика) но него го застапуваше само во споровите кои беа поврзани со спортот.

– Ова е најочигледен случај на полова дискриминација. Девојките имаат ист работодавец и потполно иста работа, а се платени многу помалку – додаде Кеслер.

Борбата на репрезентативките на САД со сопствената Федерација започна во 2017 година, две години преговорите се во ќорсокак и токму затоа, фудбалерките се одлучија да поднесат тужба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот