Фото: Принтскрин/Јутјуб

Рекордерка: Жена за 35 минути предизвикала 8 сообраќајни несреќи

Четириесет и седум годишна жена од јапонскиот град Осака, предизвикала осум сообраќајни несреќи за 35 минути помеѓу 7 часот и 7:35.

Инцидентите се случиле во различни времиња и места меѓу градот Минох во префектурата Осака и населбата Јодогава во градот Осака, поточно на улицата Шин-Мидосуџи, што минува низ северниот дел од центарот на градот Осака. Иако е прометна, Шин-Мидосуџи е релативно широка и рамна улица која е една од полесните правци за возење, пишува „Japan Today“.

Првиот судир се случил во 7 часот наутро кога жената удрила во автомобил управуван од 46-годишен маж и продолжила да вози.

Шест минути подоцна удрила во друг автомобил управуван од 49-годишен маж и повторно продолжила, за две минути подоцна да се судри со трет автомобил управуван од 60-годишен маж.

И овој пат побегнала од местото на настанот и во 7 часот и 13 минути налетала на 49-годишна жена која возела скутер, потоа удрила во пешак во 7 часот и 21 минути, а осум минути подоцна удрила во уште еден 82-годишен пешак.

После тоа удрила во ѕид покрај улицата Шин-Мидосуји, а потоа околу 7 часот и 35 минути удрила во 33-годишен мотоциклист, по што била приведена во полиција.

Во инцидентите со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден мотоциклист.

Полицијата соопшти дека жената не била позитивна на алкохол.

Во Јапонија во 2022 година имало околу 300.000 пријавени сообраќајни несреќи, што е приближно една несреќа на секои две минути.

Тоа значи дека за краток временски период оваа жена предизвикувала по една несреќа на секои четири минути и била речиси во чекор со целата нација Јапонија, пишува јапонскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот