Емануел Макрон / Фото: EPA/GIAN EHRENZELLER

Од петмина Французи, само на еден му се допаѓаат постапките на Макрон

Рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон падна на рекордно ниско ниво, при што само 21 отсто од испитаниците изјавиле дека се задоволни од неговото лидерство, додека дури 79 отсто изразиле незадоволство, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ипсос BVA – CESI, пренесуваат медиумите.

Непопуларноста на Макрон се проширила и меѓу неговото традиционално гласачко тело, каде поддршката е намалена за седум процентни поени во однос на 2022 година.

Анкетата покажува дека незадоволството е особено изразено кај постарите граѓани и пензионерите, кај кои е регистриран пад од 10 процентни поени. Како причини се наведуваат зголемувањето на социјалната давачка за „општ социјален придонес“ и континуираните дебати околу финансискиот придонес на пензионерите.

Раководителот на Ifop, Фредерик Даби, изјави дека токму овие политики придонеле за губењето на довербата.

„Зголемувањето на социјалниот придонес и постојаните расправи за финансиските напори на пензионерите делумно го објаснуваат недовербата кај овие категории“, истакна Даби.

Во извештајот се наведува дека дел од јавноста е незадоволна и од меѓународниот ангажман на Макрон.

„Тој постојано е во странство и повеќе не се интересира за нас“, изјавил еден од анкетираните, додека друг додал: „Очекувавме да ја извади земјата од кризата, но тоа не се случува“.

Иако уделот на „многу незадоволни“ граѓани благо се намалил на 44 отсто, критиките остануваат силни. Навредливи коментари се поретки, а доминира чувство на разочараност, без очекувања за промени.

Дополнително, дел од јавноста го обвинува Макрон дека се крие зад премиерката Елизабет Борн, иако, според истражувањето, сè уште нема сериозни јавни повици за негова оставка.

Со поддршка на историски најниско ниво, Макрон се соочува со сè поголеми предизвици, додека незадоволството расте кај речиси сите општествени групи и околу клучните политики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот