Рејчел Стојанов кандидат за Олимписките игри во Токио

фото: фејсбук

– Макотрпната работа под будното око на најтрофејниот светски тренер, Нешка Робева почнува да ги дава своите резултати – напиша Арнаудов на Фејсбук.

Како што известува првиот човек на Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија, Љупчо Арнаудов, Рејчел Стојанов во ритмичка гимнастика е кандидат за настап на наредните Летни олимписки игри во Токио 2020.

На денешниот состанок на МОК се избрани шест спортисти, по три во машка и женска конкуренција кои ќе бидат предложени до меѓународниот олимписки комитет за добивање на прво на учество на Игрите во Токио 2020 година.

принтскрин/фејсбук

За првпат во историјата на македонската гимнастика имаме наш претставник – Охридскиот бисер Рејчел Стојанов е олимписки кандидат.

– Макотрпната работа под будното око на најтрофејниот светски тренер, Нешка Робева почнува да ги дава своите резултати – напиша Арнаудов на Фејсбук.

Претходно настапот на ЛОИ 2020 го обезбеди борачот Могамедгаџи Нуров после освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Казахстан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот