Реџепи поразена на стартот на турнирот во џудо

аребреша реџепи
Фото: Македонски олимписки комитет

Македонската џудистка Арбреша Реџепи е елиминирана на ЛОИ во Токио уште на стартот на турнирот во џудо во категоријата до 52 килограми.

Реџепи е поразена од џудистката од Британија, Челси Џил која со ипон ја совлада македонската претставничка на Игрите во Токио. Реџепи е единствена македонска претставничка на вториот ден од игрите во Токио.

Вчера на првиот ден од ЛОИ во Токио, Борјан Бранковски го освои 21. место во квалификациите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушен пиштол притоа постанувајќи нов национален рекорд, додека пливачот Филип Деркоски иако го подобри своето најдобро време, беше последен во квалификациите на трката на 400 метри слободно.

ФОТО: Бранковски го освои 21 место, без финале на Олимписките игри во Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот