Реџепи: Мирна ми е душата и не им се плашам, државата мора да оди напред

Кастриот Реџепи во гостување на ТВ21 / 15 ноември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат, објаснувајќи што се случи минатата недела во Собранието, рече дека во моментот кога се собрани потписите за разрешување на Владата, „имало многу контрадикторности и сѐ било конфузно“.

„Прашањето за потпишување и прашањето што можело да се случи во четврток се две различни работи. Тоа секако ќе го доведеше во знак прашалник прашањето за правецот на државата. Во моментот кога потпишавме, каде и таму има многу противречности, за што се собраа потписите, бидејќи некои велеа дека овие потписи се за ова, се за она, ќе биде Левица, нема да биде Левица. Но, без разлика на ова, потписите се земени во време кога државата немаше премиер, бидејќи беше во оставка“ – рече Реџепи.

Тој вечерва гостуваше и на ТВ21, каде рече дека во моментите кога беше најбараната личност во државата, за време на одржувањето на седницата на која требаше да се гласа за доверба на владата, тој се засолнил кај пријател во Скопје, а со него била и неговата мајка.

-Јас бев тука, а не во Бугарија или Абу Даби како што се шпекулираше. Се засолнив кај еден пријател. Мораше така, затоа што имаше голем број на закани. Мајка ми беше со мене. И се јавив на ќерка ми, која живее во Данска, ѝ кажав дека така мора да биде и дека телефоните ќе бидат исклучени, информира Реџепи.

По неговото непојавување во Собранието, Реџепи вели „физички не спие мирно, но, духовно да“.

-Мирна ми е душата, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот