Реџепи: Ќе гласам да падне Владата, но нема да бидам дел од влада која е антиалбанска и против ЕУ

Скендер Реџепи од Алетрнатива/ Фото: МИА

Нема да дозволиме да бидеме дел од никакви листи и влада која е против Европската Унија и против Косово, влада која е антиалбанска, односно нема да бидеме дел од влада која би се залагала против сите модерни вредности, изјави пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи пред почетокот на собраниската седница за гласање доверба на Владата.

– Јас сум опозиција, секако дека ќе гласам да падне Владата, рече Реџепи.

Во Собранието денеска во 11 часот ќе почне седницата на која ќе се гласа за доверба на Владата предводена од Зоран Заев. Иницијативата ја поднесоа опозициските пратеници. Реџепи првично сакаше да с еповлече од иницијативата поради потписите на пратениците од Левица. Вчера во Собранието беше поднесен ревидиран список со потписи, на кој не стоеше  потписот на Димитар Апасиев.

По ова Алернатива одржа состанок и соопшти дека сите нејзини пратеници ќе гласаат да падне Владата.

Џафери потврди: 17 пратеници се повлекле од иницијативата за гласање недоверба на Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот