Редфилд: Коронавирусот ги фрли САД на колена

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд изјави дека новиот коронавирус ги фрлил САД на колена.

Тој укажа дека јавното здравство веќе подолг период нема се што му е потребно, дека не е доволно финансирано и потребно е итно да се вложува во него.

– Ќе потрошиме околу седум билиони долари поради еден мал вирус, истакна Редфилд.

Влијателниот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи претходно предупреди дека во одделни американски држави е регистриран загрижувачки пораст на бројот на заразени со коронавирус.

Околу 2,4 милиони Американци се заразени со Ковид-19, а над 120.000 починале.

САД по бројот на заболени и смртни случаи од коронавирус се наоѓа на прво место во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот