Редфилд: Американците да се подготват за тешка есен каква што не сме виделе

Директорот на Националниот центар за контрола и спречување заразни болести, д-р Роберт Редфилд, изјави дека САД се во војна против коронавирусот и апелираше до Американците заедно да одат во војна против таа болест.

– Барам едноставна работа од вас: носете маски, држете физичко растојание, мијте ги рацете и бидете мудри на јавни места. Не барам индивидуални Американци да го сторат тоа, но апелирам до сите нас да се однесуваат така…Ова е една од оние интервенции кога 95 отсто до 99 отсто од луѓето треба да го сторат тоа за да функционира, нагласи д-р Редфилд, јави Си-Ен-Ен.

Директорот Редфилд ги повика Американците да се подготват за „тешка есен каква што не сме виделе” и да планираат да се вакцинираат против сезонскиот грип.

– Искористете го значајниот подвиг на американската наука и примете ја сезонската вакцина против грип, затоа што тоа ќе ги заштити вашите деца, рече д-р Редфилд, додавајќи дека тој е умерено оптимист дека американската вакцина против коронавирусот ќе биде достапна на почетокот на следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот