Макс Весртапен EPA/FRANCK ROBICHON / POOL

„Ред бул“ би можел да му плати на Верстапен 70 милиони долари за да не се трка во Ф1 во 2027 година?!

Ред Бул би можел да понуди да продолжи да го плаќа договорот на Макс Верстапен во 2027 година ако четирикратниот шампион сака да направи пауза од Ф1, со надеж дека тој ќе се врати кај нив во 2028 година.

„Ред бул“ би можел да му понуди на Макс Верстапен да продолжи да го исплаќа неговиот договор вреден околу 70 милиони евра во 2027 година, доколку четирикратниот шампион сака да ја напушти Формула 1, со надеж дека ќе им се врати на тимот и на трките во 2028 година, јавуваат медиумите.

Тимот на Макс сега мора сериозно да размисли за ризикот 28-годишникот да сака да го раскине договорот на крајот од 2026 година, што тој може да го стори, ако се исполнат некои услови. Неговиот договор со „Ред бул“ е до 2028 година.

Верстапен за време на Големата награда на Јапонија изјави дека размислува за својата иднина во Ф1, сугерирајќи дека сака да се повлече.

Верстапен не би бил првиот возач од Ф1 што направил пауза. Фернандо Алонсо се повлече во 2019 и 2020 година, а Кими Раиконен исто така се тркаше на други натпревари во 2010 и 2011 година, пред да се врати во Ф1. Сепак, Мика Хакинен, исто така, зеде пауза во 2002 година и никогаш не се врати.

Ф1: Макс Верстапен сака да ја заврши кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот