Рецепт за сластен леб од сладолед: Се прави од 2 состојки, готов за 1 минута

Фото: Flickr

Ако сте во потрага по сочен и освежителен летен деликатес, а кој не бара многу труд, пробајте леб од сладолед за кој се потребни само две состојки! Овој рецепт е толку едноставен, а освен сладолед и брашно, ви треба само малку добра волја и буквално една минута време.

Слаткиот и мек леб може да се направи од само две состојки – полномасен растопен сладолед и брашно што само се крева (без да мора вие да додадете квасец).

Можете да користите секаков вид сладолед, но ванилата ќе ви даде најдобар неутрален вкус. Само погрижете се да користите полномасен производ – рецептот нема да успее, ако користите сладолед со малку маснотии.

Измешајте ги овие две состојки, префрлете ги во калап за леб и печете во рерна.

Состојки:

– 300 грама полномасен сладолед
– 180 грама брашно што самостојно се крева

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Калапот за леб обложете го со хартија за печење.

Растопениот сладолед и брашното измешајте ги додека не се соединат состојките.

Добиената смеса префрлете ја во плех (калап) за леб.

Печете во загреана рерна околу 35 до 40 минути. Проверете со чепкалка дали лебот е целосно испечен пред да го извадите од рерна.

Оставете го целосно да се излади, пред да го исечете и послужите.

Плус совет: Доколку немате достапно брашно што се крева, додадете две лажички сода-бикарбона и малку сол во белото брашно, а потоа измешајте ја оваа смеса со растопениот сладолед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот