Рецепт за салата од лубеница, домати и фета-сирење: Вакво нешто досега не сте пробале!
Ладна салата од лубеница и краставици е совршеното летно освежување, кое можете да го направите поинтересно со додавање кромид, фета-сирење и свежи билки какви што се нане или босилек.
Препорачано
Во оваа комбинација одлично одат и домати, авокадо, коцки од тост леб, маслинки или лути пиперки, а можете да вклучите и рукола. Наместо фета, можете да ставите и некое добро зрнесто сирење или моцарела.
Краставицата и лубеницата претходно добро изладете ги, па исечкајте ги така што коцките лубеница да бидат малку поголеми. Иако може да се служи како самостојно јадење, салатата од лубеница одлично оди со месо или зеленчук на скара, но и со лосос на скара. Не заборавајте да го маринирате кромидот за да биде поблаг и помек.
Состојки:
– 1/2 главица црвен кромид
– 2 големи лимети
– 700 грама излупена лубеница (без кора)
– 250 грама краставици
– поголема количина ливчиња нане
– 50 грама фета-сирење
– 2-3 лажици маслиново масло
– сол, бибер
Подготовка:
Кромидот исечкајте го на тенки парчиња и прелијте го со цеден сок од лимета и оставете го 10 до 15 минути за да омекне кромидот. Краставицата и лубеницата исечкајте ги на коцки и измешајте ги со листовите нане и распарчената фета.
Извадете го кромидот од сокот и додајте го во садот со лубеницата и другите состојки. Измешајте маслиново масло со преостанатиот сок од лимета и измешајте со сол и бибер. Прелијте ја салатата и нежно измешајте.


