Рецепт за посна сарма со ореви, славата и постот не може да се замислат без неа

Фото: Профимедиа

Сарма е традиционално јадење кое кај нас е омилено и со нea не може да се спореди ниедно друго јадење.

Инаку, сармата не мора да биде мрсна за да биде вкусна. Ви донесуваме рецепт за една од најдобрите посни сарми со ореви без која не може да се замисли слава и пост, а состојките даваат посебен шмек.

Состојки:

– 15 лажички ориз

– 15 лажички соја снегулки

– 3 полни лажици мелени ореви

– 1 мала главица кромид

– 1 праз

– 2 чешниња лук

– 1 мал морков

– 1 лажичка црвена мелена пиперка

– 1 лажичка куркума

– по вкус: сол, бибер, коријандер, ловоров лист

– 3-4 лажици масло

– 2 лажици тамари или соја сос

– 15 листови кисела зелка

Подготовка:

Снегулките од соја прелијте ги со вода и оставете да отстојат.

Измијте го оризот и сипете малку вода. Празот и кромидот ситно се исечкајте ги и се пропржете ги на врело масло.

Кога кромидот е речиси готов, додадете го ренданиот морков, па црвената пиперка и куркумата. Пржете многу кратко, внимавајќи да не изгори пиперката.

Додадете ги лукот, кромидот, исцедените соја снегулки, зачините и оставете да се динста на пониска температура додека не се впие водата од оризот.

На лист зелка ставете две лажички фил и завиткајте ја сармата. Гответе околу час и половина, поточно додека зелката не омекне. Ако готвите во експрес лонец, доволни се околу 30 минути од моментот на вриење.

Доколку не користите соја снегулки, можете да ги замените со мелени ореви. Наместо една лажичка соја снегулки, ставете една лажица мелени ореви.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот