Рецепт за полнети тиквички со пилешко месо, ручек за мерак

полнети тиквички
Полнети тиквички / Фото: Profimedia

Тиквичките се незаменлив дел од трпезата во целиот свет и можат да се приготвуваат на различни начини – варени, пржени, похувани, печени…

По потекло од Америка, тие пристигнале во Италија кон крајот на 19 век, па оттука и нивното име на англиски е преземено од италијански – zucchini.

Станува збор за лесна намирница што не го оптоварува премногу дигестивниот тракт, а е многу хранлива.

Во 100 грама тиквички има само 16 калории, но имајте на ум дека хранливата вредност на тиквичката се менува во зависност од тоа како се подготвуваат.

Полнетите тиквички со пилешко месо освен што имаат неверојатен вкус, се идеален оброк за сите што внимаваат на својата линија.

Состојки:

– 3 главици кромид
– 3 чешниња лук
– 5 тиквички
– 3 парчиња пилешко филе
– црвен пипер
– сол
– црн бибер
– кечап
– 200 мл кисела павлака
– 200 г кашкавал

Подготовка:

На оган ставете да се пропржат ситно исечканиот кромид и лук заедно со остатоците од внатрешноста на тиквичките што претходно сте ги издлабиле и кои планирате да ги полните.

Откако зеленчукот ќе се пропржи, тргнете го од оган и оставете го да се излади.

Пилешкото месо исечкајте го на ситни коцки и кратко пржете го. Потоа, додајте го во останатата смеса. Посолете, ставете црн бибер и мелена црвена пиперка и промешајте.

Издлабените тиквички наполнете ги со вака подготвената смеса, наредете ги во претходно обложена тава за печење, па одозгора ставете им кечап и кисела павлака.

Вака подготвените тиквички печете ги во претходно загреана рерна на 150 степени околу 20 минути. Потоа извадете ги и врз нив изрендајте кашкавал.

Вратете ги да се допечат, односно да се растопи кашкавалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот