Рецепт за печени компири со сланина, со сочен фил

Фото: Профимедиа

Компирот со сланина печен во рерна има крцкава кора однадвор, а однатре е мек и сочен. Полнетиот компир со сланина, печен во рерна се филува со павлака, сирење и ароматичен зеленчук, a сигурно ќе vi стане една од најомилените закуски. Еве како да го направите:

Состојки:

– 4 големи компири
– 30 г путер
– 30 г кисела павлака
– 30 г свежо сечкан власец
– 90 г сечкан кашкавал
– 6 парчиња крцкава сланина, иситнета
– прстофат оригано
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 200 степени. Компирите избоцкајте ги со вилушка или со остар нож и добро завиткајте ги во фолија. Печете додека нè омекнат, околу 1 час.

Одвиткајте ги компирите и исечете ги процепите по должина на горниот дел. Од средината на секој компир внимателно извадете дел од „месото“ и одвојте го во сад, а потоа во тој одвоен дел додадете путер, павлака, власец, половина од кашкавалот и половина од сланината. Зачинете со сол и бибер.

Повторно ставете од филот со лажица во отворот на секој компир. Посипете со преостанатиот кашкавал и вратете во рерна додека не се растопи, околу 5 минути. Одозгора ставете оригано и преостанатата сланина. Уживајте во ароматичниот печен компир со сланина!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот