Рецепт за италијанската верзија на омлет, оригинален појадок во кој ќе уживате

Фото: Pxhere

Фритата, италијанска верзија на омлет, се прави со зеленчук и е идеален избор за нутритивно богат утрински оброк.

За разлика од обичниот омлет, во фритатата се додава многу свеж зеленчук. Се подготвува брзо и лесно, и гарантира добар почеток на денот.

Состојки:

– 5 јајца

– 1 пиперка

– 1 морков

– 1 стебло праз

– 1 домат

– 200 грама спанаќ

– магдонос

– сол, бибер, масло

Подготовка:

При подготовка на фритата најпрво на загреано масло се пржи кромидот. Зеленчукот се сече на мали коцки.

Во изматените јајца се додава сечканиот зеленчук, спанаќот, сол и бибер.

Во загреаната тава сипете ја целата смеса. Покријте ја тавата и пржете околу пет минути. Потоа фритатата ставете ја во рерна загреана на 200 степени и запечете ја.

Кога фритатата ќе биде готова, исечете ја на триаголници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот