Фото: Unsplash

Рецепт за домашни њоки во болоњезе сос: Со малку работа до неодоливо јадење

Ако мислите дека правењето домашни њоки бара часови кујнски вештини, во заблуда сте. Кога зборуваме за овој рецепт, тука нема многу работа, како што изгледа. Се варат компирите, се пасираат, се додава брашното, жолчките, малку сол и се формира тесто… Без комплицирани постапки и непотребен стрес, добивате лесно тесто што се топи во уста и совршена основа за сите ваши омилени сосови.

Состојки:
За њоките:

– 0,5 кг излупени компири
– 120-150 грама брашно, плус за работната површина
– 1 жолчка
– прстофат сол

За сосот:

– 1 лажица маслиново масло
– 1 кромид
– 1 црвена пиперка
– 1 чешне лук
– 400 грама домати пелати
– 1 лажичка сушен или грст свеж босилек
– 125 грама моцарела

Подготовка:

Компирите сварете ги во солена вода, изгмечете ги, додајте прстофат сол, една жолчка и постепено додавајте го брашното, постојано мешајќи и месејќи го. Формираното тесто поделете го на четири дела, па секој дел свиткајте го во лента со дебелина од околу 1,5 см, тркалајќи го со дланките на работната површина. Добиените ленти исечете ги на њоки долги околу 2 см. Ако сакате, притиснете ја секоја њока на ребреста површина или со виљушка, или оставете ги мазни.

Ставете ги во многу зовриена вода и веднаш штом испливаат на површина, извадете ги со рерна лажица.

За сосот, пропржете ги сечканиот кромид и ситно сечканата пиперка, околу пет минути. Додајте го изгмечениот лук, пропржете една минута, па додајте ги доматите и зачинете. Гответе околу 10 минути и повремено мешајте. Додадете ги сварените њоки, босилекот и префрлете ги во голем огноотпорен сад.

Посипете ги њоките со мали парчиња моцарела и печете до 10 минути, додека моцарелата не добие меурчиња и златна боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот