Рецепт за домашни мелени домати за зимница: Подготвени на овој начин може да стојат и до две години
Доматот е синоним за здравје. Вистинска ризница е на витамините А, Ц, Б3 и Б6, а исто така е богат со магнезиум, кој ги придвижува нашите мускули, хлорот и сулфурот им помагаат на црниот дроб и на бубрезите да работат подобро, што е клучно во процесот на детоксикација на телото. Доматите содржат и бета-каротен, чиј секој молекул во црниот дроб го претвора во два молекула на витаминот А и каротен ликопен, кој на доматот му ја дава карактеристичната интензивна црвена боја. Двете состојки се антиканцерогени.
Препорачано
Што значи дека причините за да го консумирате овој сончев плод се многубројни. А, за да уживате во неговиот вкус и придобивки и во текот на студените месеци, со време направете зимница од домати.
Покрај сокот од домати, кој е незаменлив во македонската кујна, домаќинките задолжително прават и домашни мелени домати за зимница.
Постоја повеќе варијации на овој рецепт, а ние ви пренесуваме начин на подготовка на мелени домати кои ќе опстанат до две години.
Состојки:
– 10 кг домати
– 5 рамни лажици сол
– ќесичка винобран
– 2 китки магдонос
Подготовка:
Измијте ги доматите, исчистете го делот околу петелките, па плодовите исечкајте ги на крупни парчиња и измелете ги во мелница за месо. При мелењето користете го најкрупното сито за да не се претворат доматите во сок.
Измелените домати сипете ги големо тенџере, посолете, додајте ги винобранот и ливчињата од магдонос што сте ги исечкале претходно. Сè добро измешајте со голема дрвена лажица и оставете да отстои најмалку два часа.
Доматите уште еднаш добро измешајте ги, па сипете ги во тегли или во стаклени шишиња со широк отвор, херметички затворете и чувајте ги на ладно место.
Ако сакате лутеникав вкус, заедно со доматите измелете и неколку лути пиперки.


