Рецепт за американски палачинки: Појадок кој ќе ги натера и најголемите спaнковци да скокнат од кревет

Фото: Pexels / Kader D. Kahraman

Американските палачинки се одлична идеја за обилен појадок, а многумина ќе се разбудат многу полесно доколку знаат каков деликатес ги очекува наутро.

Овие палачинки се прават со матеница, која можете сами да ја направите. Едноставно земете млеко колку што налага рецептот за матеница и додадете една лажица сок од лимон или оцет на секои 250 мл. Измешајте и оставете да отстои околу 10 минути или додека не почне да згрутчува.

Иако самите палачинки се доволно слатки и полни со вкус на лимон и ванила, можете да ги послужите со сируп од боровинки или друг овошен или класичен прелив од чоколадо.

Количината на состојки од овој рецепт ќе биде доволна за 8-10 мали (но дебели) палачинки, а за нивна подготовка ви требаат само 20 минути.

Состојки:

– 10о г брашно
– 1 ½ лажичка прашок за пециво
– ¾ лажичка сол
– 50 г шеќер
– 1 лимон
– 1 ½ лажичка екстракт од ванила
– 3 големи јајца
– 170 гр рикота сирење
– 60 мл матеница
– 28 г путер, стопен, плус путер на собна температура за печење и сервирање
– сируп од боровинки или друг прелив, за сервирање (по избор)

Подготовка:

Во помал сад изматете ги брашното, прашокот за пециво и солта. Загрејте тава за пржење на средна топлина.

Ставете го шеќерот во поголем сад, а потоа ситно изрендајте ја кората од лимон и нежно измешајте ја во шеќерот. Додадете екстракт од ванила и измешајте. Додадете ги јајцата и мешајте додека не се пени, потоа додадете ги рикотата, матеницата и путерот и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Додадете ја смесата со брашното и прашокот за пециво и нежно мешајте додека се се соедини и нема грутчиња.

Убаво намачкајте ја тавата со путер, а потоа истурете околу една четвртина чаша тесто врз неа. Печете додека долната страна не порумени околу две до три минути. Свртете и пржете ја другата страна уште 2 минути. Повторете додека не ја искористите смесата и не заборавајте повторно да ја подмачкате тавата за секоја палачинка.

Послужете ги палачинките топли, со парче путер и сируп по желба.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот