Ребека открила дека мажот ја ИЗНЕВЕРИЛ, па отворила детективска агенција: Станала популарна, а еве како го НАПЛАТИЛА ТОА (ФОТО) – Слободен печат
ЖенаМагазин

Ребека открила дека мажот ја ИЗНЕВЕРИЛ, па отворила детективска агенција: Станала популарна, а еве како го НАПЛАТИЛА ТОА (ФОТО)

Ребека Џејн (32), мајка на две деца, Пичиз (13) и Париз (6), станала славна откако открила дека нејзиниот сопруг ја изневерил во 2009 година, па започнала женска детективска агенција.

Жената која во 2009 година ја основа првата женска приватна детективска агенција, заради што стана позната ширум светот, па својата работа од Англија ја прошири на уште две држави, ја искористила својата слава на вистински начин.

Всушност, откако беше учесник во британскиот Голем брат во 2017 година, таа се придружи на водачот на групата, а сега води утринска програма. Сепак, целата приказна околу неа не е толку едноставна, таа е во најмала рака контроверзна.

View this post on Instagram

Whilst this is SO embarrassing to post, I think it should be done. I’ve been given years of grief for wearing too much make up and my views surrounding it, but what most didn’t know, is I had grade 4 acne for as long as I remember. My dermatologist asked me to do a ‘before and after’ picture… so here it is… I’m 6 months in to some pretty hardcore treatment, I still have 4 months to go and I didn’t say anything until now because I didn’t want to jinx it… but I can finally post a ‘no make up selfie (minus mascara)’ and be absolutely f’ing thrilled!!!!! It’s SUCH a relief to have normal skin, makes SUCH a difference to confidence and I can finally tell all the people who kept saying ‘just drink more water’ to jog on… Acne is seriously shit and seriously hard to get rid of. So for anyone else in the same boat.. there’s light at the end of the tunnel!!! #acne #roaccutane #isotretinoin #skin

A post shared by Rebecca Jane (@ladyrebeccajane) on

Ребека Џејн (32), мајка на две деца, Пичиз (13) и Париз (6), станала славна откако открила дека нејзиниот сопруг ја изневерил во 2009 година, па започнала женска детективска агенција.

Како што навела таа во интервјуто откако нејзината работа се прославила, агенцијата се развила во три земји и има околу 40 вработени.

Според неа, односот на мажи и жени кои дошле кај неа за да утврдат дали нивниот партнер е верен или не, бил 50:50. Што се однесува до клиентите, тие наводно доаѓале од сите сфери на животот, од обични луѓе, до музичари, уметници, спортисти, но и политичари.

Иако таа рекла дека заработува за пристоен живот, во еден момент од животот ја напуштила работата, односно ја продала компанијата во 2018 година за непозната сума на пари, по што започнала нов бизнис во форма на организација која нуди консалтинг учење, холистички третман и јога третмани преку платформата на Интернет.

Помеѓу двете работни места, таа успеала и да се појави во британската верзија на Големиот брат, во која предизвика големи контроверзии со своето однесување што беше непостојано и на моменти загрижувачко, заради избувнување на гневот и кавгите со другите учесници, но и за признавањето дека имала сексуален однос со еден од нејзините детективи, кој исто така влегол со неа во шоуто.

Таа добро ги искористила своите настапи во медиумите и, врз основа на своето искуство во агенцијата, ја напиша и книгата „Првата женска детективска агенција – Вистинска приказна“, која излезе во 2013 година, а некогаш беше и бестселер.

View this post on Instagram

Like butter wouldn’t melt… #white #neverseenangelic

A post shared by Rebecca Jane (@ladyrebeccajane) on

Во средината на оваа година, таа повторно покрена бура, откако јавноста дозна дека разменува експлицитни пораки со рагби играчот Бен Фоден. Ништо од ова не би било чудно ако тоа не се случело неколку дена пред Бен да се сретне со сегашната сопруга, со која се оженил само четири дена по запознавањето. Како што рекле блиски пријатели на Џејн, таа била убедена дека двајцата имаат нешто сериозно и дека е многу разочарана од неговиот потег.

Иако има само 32 години, Ребека со години успешно ја заинтригира јавноста, а може да се очекува дека во следните неколку години таа ќе продолжи да го следи овој тренд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close