Реанимирано е 15 годишното девојче од Загреб, докторите се обидуваат да и го спасат животот (ФОТО+ВИДЕО)

Од хрватските медиуми, па низ регионалните медиуми и кај нас се прошири веста дека 15 годишно девојче е првата жртва од земјотресот во Загреб, но станува збор за лажна вест.

На ова реагираше за за Н1 телевизија Жарко Рашиќ, директор на Институтот за итни случаи кој истакна дека девојчето е реанимирано и дека се обидуваат да го спасат.

Властите апелираат граѓаните на Загреб да ги земат со себе најпотребните работи и да ги напуштат своите домови. Пожарникарите ги извлекуваат луѓето што останале заробени под урнатините

Два силни земјотреси ги потресоа Загреб и северозападна Хрватска утрово.

Првото силно тресење е регистрирано во 6.24 часот, со јачина од 5,5 според Рихтер. Јачината на вториот земјотрес бил 5,0.

Помал потрес е регистриран во 7:40 часот, со јачина од 3,7 степени.

Претседателот Зоран Милановиќ бил евакуиран од неговиот стан.

Фотографии: Фејсбук страна Загреб те зове

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот