Реал потврди: Милитао ја има истата повреда како Куртоа, го чека долга пауза

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Реал Мадрид и официјално ги потврди лошите вести, Едер Милитао ја заработил истата повреда како и Тибо Куртоа.

Милитао се повреди во натпреварот против Атлетик Билбао и деталните анализи само ги потврдија стравувањата.

„Анализите покажаа дека се работи за кинење на вкрстените лигаменти. Играчот ќе мора да замине на операционен зафат и го чека долг процес на рехабилитација“, стои во краткото соопштение на Реал.

Со ова тренер Анчелоти повторно е во големи проблеми и Реал ќе мора да доведе уште една амена во одбраната. Бразилскиот дефанзивец во минатата сезона беше еден од најстандардните играчи на „кралскиот клуб“ и одигра вкупно 48 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот